Search
Ѓорческа запрена во осминафиналето во Копер
18.04.2024 April Cetvrtok
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа е запрена во осминафиналето на фјучерсот во Копер што се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа денеска се соочи со Дебора Киеза, ривалка со која има „војувано“ и во минато, ривалка од која претрпе уште еден пораз, овојпат со 2-0 во сетови со 6-4 и 6-4.
Лина имаше проблеми да го загрози сервисот на Италијанката е потврда за тоа се само двете брејк шанси кои ги имаше на мечот од кои едната ја искористи во осмиот гејм од вториот сет.
Средбата траеше 1 час и 46 минути, победничката севкупно освои 15 поени повеќе на тетовката.
За Македонката не е завршен денот затоа што ја очекува меч во двојки каде за партнерка ја има Кристина-Андреа Миту.
Comments