Search
Ѓорческа загуби од Ромеро Гормаз на Челинџер турнирот во Дубровник
23.03.2026 Mart Ponedelnik
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да оствари позитивен резултат во соочувањето со Лејре Ромеро Гормаз на Челинџер турнирот во Дубровник.
Тенисерката од Шпанија е подобро рангирана од Лина на ВТА листата (141/185) и пред мечот важеше за фаворит, улога која ја опрада триумфирајќи со 2-0 во сетови.
Средбата траеше нешто повеќе од еден час, Ромеро Гормаз славеше со идентичен резултат во двете рунди и тоа со 6-3.







Comments