ЃОРЧЕСКА ЗАГУБИ ОД АНИСИМОВА, НО ПОКАЖА КАКО ГОРДО СЕ ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА НАЈВИСОКАТА СПОРТСКА СЦЕНА НА ВИМБЛДОН ВО ЛОНДОН ТЕНИС фото и видео
- Aleksandar Santovski
- Jun 30
- 1 min read
30.06.2026 Juni Vtornik
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го забележа својот најголем успех во својата кариера, откако обезбеди пласман во првото коло од главната ждрепка на престижниот Вимблдон. По фантастичните квалификации и трите врзани победи, нашата тенисерка немаше многу среќа во ждрепката, затоа што за ривалка ја доби ланската финалистка Аманда Анисимова, против која немаше сили за надигрување и загуби со 2-0 во сетови.
На теренот број два Лина се покажа во солидно светло, но тоа беше премалку за да ја изненади големата фаворитка. Сервисот на ѝ одеше најдобро, а искусната Американка ја казнуваше секоја нејзина грешка, што на крај резултираше со 6-3 и 6-2, за нешто повеќе од еден час игра.
Во првиот сет Анисимова направи само еден брејк, во четвртиот гем, а потоа во деветтиот ја искористи првата сет топка и поведе со 1-0. Во вториот сет Американката врза пет гема во низа, со два брејка, Лина успеа да ја прекине таа серија и намали на 5-2, но следуваше перфектен гем на Анисимова за 6-2 и голема победа.
За Ѓорческа ова беше прв настап во главната ждрепка на Вимблдон, а и покрај елиминацијата, македонската тенисерка остави добар впечаток против една од најквалитетните тенисерки на турнирот.











Comments