Ѓорческа загуби во двојки на турнирот во Марибор
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа пораз во игра на двојки на силниот фјучерс што се игра во Марибор, Словенија.
Ѓорческа се спои со Тена Лукас од Хрватска, но тие не се снајдоа на денешниот меч каде беа надиграни од Магали Кемпен (Белгија) и Kсенија Кнол (Швајцарија) со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-4.
Сега Лина може да се фокусира на настапот во поединечна конкуренција каде во првото коло има тешка задача, соочување со шестата носителка Анастасија Тихонова која е 184 на ВТА листата.
Овој турнир се игра на тврда подлога и тоа за вредност од 40.000 американски долари.
Кога се во прашање нашите тенисери треба да се каже дека Обрад Марковски доживеа елиминација во дубл на турнирот во Опатија.
Марковски и Србинот Душан Обрадовиќ не успеаа да ја изненадат италијанско-швајцарската комбинација Реми Бертола и Пјетро Скијавети (4-6, 6-2, 5-10).
Comments