top of page

Ѓорческа експресно до полуфинале на турнирот во Ираклион

Лина Ѓорческа загуби само еден гејм и без никаков проблем се пласираше во полуфиналето на силниот турнир во Ираклион, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари. Македонката за противничка ја имаше Кристина Дину од Романија, а со резултат 6:1/6:0 го подобри скорот во меѓусебниот дуел на 4:2 со оваа добро позната ривалка. Интересно е што мечот започна со брејк на Дину, но потоа следуваше страшна серија на Ѓорческа, која фактички ги освои следните 12 гејма и за 64 минути си обезбеди виза за полуфиналето. Утре нашата најдобра тенисерка ќе се соочи со втората носителка, Русинката Екатерина Макарова, која денеска исто така елиминираше романска ривалка во четвртфиналето. Претходното соочување на Ѓорческа и Макарова донесе драматичен меч исто така во Ираклион, а Русинката победи со 2:1 по долга борба.


 
 
 

Comments


bottom of page