top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа дозволи пресврт и остана без сингл четвртфинале во Хехинген

Лина Ѓорческа добро го започна мечот против Жива Фалкнер, но дозволи пресврт и остана без место во четвртфиналето на силниот турнир во Хехинген, Германија.

Македонската тенисерка го доби првиот сет со 6:4, а вториот го отвори со брејк, за подоцна ривалката од Словенија да освои два гејма на сервис на Ѓорческа и на тој начин да израмни со 6:3 во вториот сет.

Заморот го направи своето и во третиот сет имаше дури седум брејка, но за жал Фалкнер имаше еден повеќе и го доби решавачкиот сет со 6:4 и направи мало изненадување на овој дуел со Ѓорческа, која беше седма носителка на турнирот.

Лина денеска ќе го продолжи настапот во дубл, каде во четвртфиналето ќе настапи заедно со руската тенисерка Алена Фломина-Клоц, а противнички ќе им бидат Бајерлова од Чешка и Золотарева од Русија.

Турнирот во Хехинген се игра за награден фонд од 60.000 долари.


1 view

Comments


bottom of page