Search
Ѓорческа доживеа два порази на турнирот во Копер
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на силниот ИТФ фјучерс во Копер (Словенија) и тоа откако претрпе два порази во двете конкуренции.
Ѓорческа која го имаше статусот на 13 носителка во сингл загуби од искусната Романка, Андреа Миту со 2-1 во сетови. Миту пред неколку години беше 68 рекет на светот, но иако денеска е послабо рангирана од Македонката успеа да слави на теренот број два со 6-1, 5-7 и 6-4.
Потоа Лина настапи и во двојки во комбинација со Вероника Ерјавец, ама четвртите носителки беа изненадени од Сузан Ламенс и Кејла Мекфеј.
Сузан и Кејла триумфираа со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-4 по еден час игра.
Овој турнир се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 американски долари.
コメント