Ѓорческа доби силен отпор, но стартуваше со победа на турнирот во Лајпциг тенис
- Aleksandar Santovski
- Aug 5
- 1 min read
05.08.2026 Avgust Sreda
Лина Ѓорческа наиде на силен отпор на првиот настап на турнирот во Лајпциг, но успеа да ја оправда фаворитската улога и се пласираше во втората рунда.
Македонската тенисерка е втора најдобро рангирана на турнирот и како втора носителка денеска играше со квалификантката Анастасија Фирман, 19-годишна тенисерка која се обидуваше да приреди изненадување.
Ѓорческа го доби првиот сет со 6:4, Украинката одговори на ист начин во следниот сет, за во решавачката етапа, Лина да направи два брејка, од кои вториот беше клучен за 6:4.
Во следната рунда, најдобрата македонска тенисерка ќе се соочи со уште една помлада ривалка, а тоа е 18-годишната Алена Ковачкова од Словачка.
Турнирот во Лајпциг се игра на земјена подлога и за награден фонд од 60.000 долари.






Comments