top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Ларнака

21.03.2024 Mart Cetvrtok

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучерсот во Ларнака (Кипар) што се игра на земјена подлога за 25.000 долари.

Ѓорческа не можеше да го комплетира денешниот меч против Дебора Киеза, меч во кој имаше одличен прв сет кој го доби со 6-2, меѓутоа потоа почнаа проблемите за неа, Италијанката ги доби наредните девет гејма (6-0, 3-0) по што тетовката одлучи да се повлече, предаде натпреварот.

Ова за Лина беше втор турнир во низа на Ларнака, на првиот стигна до финалето, а во вториот дојде до осминафиналната фаза.


0 views

Comments


bottom of page