top of page

Ѓорческа го заврши настапот на Ролан Гарос

22.05.2026 Maj Petok

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на Ролан Гарос и тоа во првото квалификациско коло каде беше поразена од Сузан Ламенс.

Ламенс е подобро рангирана тенисерка од Ѓорческа на ВТА листата, рекет кој веќе има играно во главната фаза на сите грен слем титули, ас кој своевремено беше 57 на светот. Сето ова придонесе Холанѓанката да го потврди статусот на фаворит против Лина и да слави со 2-0 во сетови.

Во првиот сет Македонката водеше со 4-3 во гејмови, но потоа дозволи противничката со серија од 3-0 да слави со 6-4. Ова дополнително ја крена Ламенс која во вториот сет дури трипати и го зема сервисот на тетовката и со 6-3 го затвори натпреварот.

Следниот предизвик на Ѓорческа е настап на ИТФ турнир во Куршумлијска Бања во Србија.


 
 
 

Comments


bottom of page