top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа без проблеми до осминафиналето на турнирот во Будимпешта

29.09.2021 Septemvri Sreda

Лина Ѓорческа оствари победа на првиот настап на фјучрс турнирот во Будимпешта, кој се игра со награден фонд од 25.000 долари.

Најдобрата македонска тенисерка ја совлада Русинката Дарија Астакхова со 2:0 во сетови и не дозволи изненадување од помладата ривалка која освои вкупно шест гејма.

Првиот сет и припадна на Ѓорческа со 6:4, а во вториот Македонката беше поубедлива и го заврши со 6:2 за конечни 2:0 во мечот од втората рунда.

Во осминафиналето, противничка на Ѓорческа ќе и биде Сиња Краус од Австрија.

Минатата недела, нашата тенисерка стигна до полуфиналето на турнирот во Визбаден, по што направи скок од 52 позиции на ВТА ранкингот.


1 view

Comments


bottom of page