Ѓорческа без проблеми до осминафиналето на силниот турнир во Португалија тенис
- Aleksandar Santovski
- Jul 23, 2024
- 1 min read
23.07.2024 juli Vtornik
Лина Ѓорческа имаше сигурен настап во првата рунда на силниот турнир во Фигуера да Фоз во Португалија и веќе може да се подготвува за многу посериозен предизвик во осминафиналето.
Македонската тенисерка денеска требаше да игра против Американката МекКензи, но таа се повлече, а нејзиното место го зазема перуанската ривалка Анастасија Ламачкин.
Сепак, Ѓорческа ја оправда фаворитската улога и во два сета го реши мечот, во кој сепак имаше повеќе проблеми во вториот сет.
Лина дозволи брејк уште во првиот гејм, но потоа возврати со три освоени сервиси на противничката и сигурни 6:2, за во втората етапа наизменично тенисерките да покажуваат несигурност на свој сервис, но Ѓорческа успеа да го добие десеттиот гејм со брејк и да го комплетира мечот со 6:2/6:4.
Македонката во осминафиналето ќе игра против петтата носителка на турнирот, а тоа е Холанѓанката Ариан Хартоно, која денеска исто така го доби својот меч во два сета.
Турнирот во Португалија се игра на тврда подлога и за награден фонд од 100.000 долари.
コメント