top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоргиев: Сите заедно сме подготвени да го дадеме нашиот максимум

Сите заедно многу добро одморивме и сите заедно сме подготвени да го дадеме нашиот максимум за што подобро да се подготвиме за натпреварите што нѐ очекуваат на Европското првенство, рече капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев на почетокот на подготовките за настап на Европското првенство (ЕП), во чии рамки групата Ц ќе се игра во Скопје, од 30 август. Домаќини на ЕП 2023 се и Италија (група А), Бугарија (група Б) и Израел (група Д). Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски за време на подготовките треба да одиграат 11 контролни натпревари. Миленкоски повика 19 одбојкари, со кои прво ќе работи во Скопје до 9 август, а потоа ќе се тренира во Кавадарци и потоа одново во Скопје, пред третиот настап на континенталниот одбојкарски шампионат. Првите пријателски натпревари во овој подготвителен циклус за Македонија ќе бидат со селекцијата на Романија, од 4 до 6 август, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а потоа во салата во „Јасмин“ во Кавадарци следува заедничка работа со репрезентациите на Израел (два тест-меча) и на Јапонија (една контролна средба). Црвено-жолтите потоа ќе одиграат уште два натпревара со Јапонија во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и дополнително уште еден од 18 до 20 август на традиционалниот меморијален турнир „Чајка“, кога Македонија ќе ја тестира формата и со натпреварите со репрезентациите на Грција и на Египет. Од ривалите во овие подготовки, на ЕП 2023 ќе настапат и Израел, Романија и Грција (сите во групата Д). На годинашното ЕП во групата Ц, Македонија прво ќе се сретне со Данска, на 30 август, три дена подоцна со Црна Гора, па следува мечот со водечката селекција на ранг-листата на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), Полска, на 3 септември, натпреварот со Холандија е на 5 септември, а следниот ден и дуелот со Чешка. Билетите за мечевите се продаваат преку интернет-страницата на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ). – Ќе се подготвиме многу добро за ова европско првенство, очекуваме поддршка од македонската јавност во сите правци – рече репрезентативецот Филип Деспотовски. Македонија игра за прв пласман во осминафиналето на европските првенства, каде што ќе настапат четирите најдобри репрезентации од секоја од четирите групи. Селекциите од групата Ц осминафиналето ќе го играат во Бари (Италија). На претходните два шампионата Македонија се пласира на 17-то (во 2019 година) и на 23-то место (во 2021 година). Н.М.

СОСТАВ

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Давид Стојанов Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов Примачи: Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Ангел Бошковски, Тоше Ефремов Либера: Дарко Ангеловски, Костадин Ричлиев, Васе Михаилов Средни блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Иван Андонов, Славе Наков

ТЕСТ-СРЕДБИ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ЕП 2023

Македонија – Романија 4.8, Скопје Македонија – Романија 5.8, Скопје Македонија – Романија 6.8, Скопје Македонија – Израел 10.8, Кавадарци Македонија – Јапонија 12.8, Кавадарци Македонија – Израел 13.8, Кавадарци Македонија – Јапонија 15.8, Скопје Македонија – Јапонија 16.8, Скопје од 18 до 20 август во Скопје е турнирот „Чајка“ со учество на Македонија, Грција, Египет и на Јапонија

ЕП 2023, ПРВО КОЛО

ГРУПА А Белгија – Италија 28.8 Германија – Естонија 30.8 Швајцарија – Србија 30.8 ГРУПА Б Шпанија – Бугарија 29.8 Словенија – Украина 30.8 Финска – Хрватска 30.8 ГРУПА Ц Македонија – Данска 30.8 Црна Гора – Холандија 31.8 Полска – Чешка 31.8 ГРУПА Д Грција – Израел 29.8 Турција – Франција 30.8 Романија – Португалија 30.8


3 views

Comments


bottom of page