top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоргиев пред европското деби на Алкалоид: Сите сме мотивирани и желни за докажување

Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид утре го игра својот прв натпревар во европските купови и тоа во рамките на Лигата на Европа на ЕХФ.

Ривал е српскиот првак Војводина, тим кој минатата сезона ја заврши со европски пехар, тим кој во своите редови донесе уште неколку интернационални и има уште посилен состав од претходната година.

Гостите ќе го имаат статусот на фаворити, меѓутоа Алкалоид најавува максимална борба, посветеност, ангажираност низ сите 60 минути на утрешниот меч кој ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.

-Ние како млада екипа која направи голем успех минатата сезона и бевме вицешампиони, сега ни следува нов голем предизвик, Лигата на Европа. За ривал ја имаме Војводина која е шампион на Србија и која има голем број квалитетни играчи.

-Јас како капитен на екипата можам да кажам дека сме подготвени, мотивирани и желни за докажување. Ова за нас ќе биде големо искуство. Спремни сме и ја посакуваме победата. Сакам да ги поканам сите љубители на ракометот да ни дадат поддршка која што многу ќе ни значи. Ние веруваме голема борба, -порача капитенот Игор Ѓоргиев.


1 view

Comments


bottom of page