Ѓоковиќ ќе има пеколно тешка задача да дојде до титулата на турнирот на кој никогаш не загубил тенис
28.09.2026 Septemvri Ponedelnik
Ѓоковиќ веќе некое време е далеку од она негово најдобро ниво, тенис од кој стравуваат сите противници, но Србинот останува упорен и не размислува за пензија иако веќе се движи кон 40. година од животот.
Некогашниот најдобар тенисер на светот ќе настапи во Пекинг, турнир од АТП серијата 500 на кој има освоено шест титули и нема забележано ниту еден пораз, но ќе има пеколно тешка задача да го задржи перферкниот учинок.
Ждрепката му донесе сериозни ривали почнувајќи од првата рунда каде ќе ги одмери силите со незгодниот Нуно Боржеш од Португалија. На патот можат да му најдат и ривали како Серундоло, Зверев, Медведев, Меншик, Бублик…што доволно говори дека Ноле ќе мора да биде на 100 проценти од своите можности, да го даде максумумот за да одново успее на турнирот каде не знае да згреши во досегашниот тек на кариерата.







Comments