Search
Ѓоковиќ ја совлада и пречката Фучович и е прв полуфиналист на Вимблдон
Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на Вимблдон, а до тој статус дојде со триумфот без загубен сет против Унгарецот Мартон Фучович. Српскиот тенисер мина 139 минути на теренот пред да забележи уште една победа во Лондон, овој пат со резултат 6:3/6:4/6:4 и веќе го очекува следниот противник за дуелот во петок. Ѓоковиќ започна фуриозно, со два брејка по ред и 4:0 во првиот сет, подоцна Фучович врати еден брејк, но тоа беше доволно само за 6:3 во овој сет. Унгарецот прикажа солидна партија, во која во продолжение му дозволи на противникот само по еден брејк, а тоа беше сосема доволно за конечни 3:0 во корист на Ѓоковиќ. Во полуфиналето, светскиот рекет број еден ќе се соочи со подобриот од мечот Шаповалов-Хачанов.
Comments