Search
Ѓоковиќ ја мина втората пречка во Мадрид, чека шпански ривал во полуфиналето
- Aleksandar Santovski
- May 6, 2022
- 1 min read
Новак Ѓоковиќ мина 82 минути на теренот во дуелот со Хуберт Хуркач и без поголеми проблеми го завери својот пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид. За светскиот рекет број еден и прв носител на турнирот ова беше втор противник, бидејќи го доби четвртфиналето без борба по откажувањето на Енди Мари. Ѓоковиќ уште во вториот гејм направи брејк кој беше доволен за рутински 6:3 во првиот сет, а тој резултат го повтори и во следната и последна етапа. Овојпат на брејк се чекаше до петтиот гејм, кој се покажа како клучен и со кој беше скршен отпорот на полскиот ривал Хуркач. Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде подобриот од шпанското дерби Надал-Алкарас.

Comentários