Search
Ѓоковиќ ја започна 368. недела на врвот на АТП листата
- Aleksandar Santovski
- May 3, 2022
- 1 min read
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 368. недела на првото место на АТП листата и со тоа продолжи да го подобрува сопствениот рекорд на седмици поминати на врвот на светскиот тенис.
Како и минатата недела, Ѓоковиќ има 8.400 бодови, 320 повеќе во однос на рускиот тенисер Данил Медведев на второто место.
Зад Ѓоковиќ и Медведев во Топ 5 се Германецот Александар Зверев, Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас.

コメント