top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ: Федерер како тренер? Тој би имал…

Новак Ѓоковиќ беше дел од „последниот танц“ на Рожер Федерер, односно од неговото збогум од тнисот кое го кажа на Лејвер Купот кој се одржуваше во Лондон.

Федерер потоа остана да ги поддржува момците од тимот на Европа, да им дава совети и помага, а тоа е уште едно искуство кое спрскиот ас нема да го заборави.

-За мене беше многу интересно да слушнам како ја гледа и чита играта и да добијам неколку совети од него кои можат да помогнат. Гласот на некој кој до вчера беше еден од вашите најголеми ривали постојано ви е во уши, -вели Новак кој смета дека Рожер како тренер би бил вистински хит, поточно би бил од огрома помош на секој играч.

-Како тренер би имал многу да понуди. Ако некогаш одлучи да се занимава со тоа, ќе му донесе многу добро на кој и да работи. Тој е еден од најдобрите во историјата и би знаел како да му помогне на играчот да се подобри. Луѓето често мислат дека неговиот талент е дар од Бога, но му требаше многу работа за да ги достигне овие височини, -заврши големиот грен слем шампион.


2 views

Comments


bottom of page