top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ триумфираше на турнирот во Париз и го освои 40. Мастерс во кариерата

Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ го освои 40. Мастерс во кариерата откако во финалето на турнирот во Париз го совлада Бугаринот Григор Димитров, со 2-0, во сетови (6-4, 6-3).

Ѓоковиќ успеа да стигне до својата седма титула во Париз, шеста од почетокот на годината и 40-та во кариерата.

Србинот одигра навидум полесен натпревар во финалето отколку во четвртфиналето.

Натпреварот траеше час и четириесет минути. Турнирот во Париз се играше за награден фонд од 5.779.335 евра.










3 views

コメント


bottom of page