top of page

Ѓоковиќ: Солзите те ослободуваат, не се слабост

May 15, 2023
1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за емотивноста во големиот спорт.

– Кога ќе се соочите со тешкотии, особено ако сте маж, ќе ве осудуваат и критикуваат дека сте слаби. Ако се обидете да ги изразите своите чувства, исто така ќе бидете осудени бидејќи споделувањето на чувствата се смета за знак на слабост. Ми се чини дека е обратно. Солзите даваат прекрасно чувство на ослободување – го цитира Ѓоковиќ „Интернационали Би-ен-ел д Илаија“ (Internazionali BNL d’Italia).

Ѓоковиќ победи во мечот од второто коло на турнирот во Рим со Аргентинецот Томас Мартин Ечевери (7:6 (7:5), (6:2).

Во третото коло на турнирот во Рим, Ѓоковиќ за противник ќе го има Бугаринот Григор Димитров.

Србинот е бранител на шампионскиот трофеј.


 
 
 

Comments


bottom of page