Search
Ѓоковиќ со џентлменски одговор на прашањето дали Федерер е најдобар тенисер на сите времиња
- Aleksandar Santovski
- Sep 22, 2022
- 1 min read
Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од годинешното издание на Лејвер купот, кој ќе биде запаметен поради последниот настап на неговиот голем ривал, Рожер Федерер.
Швајцарецот најави дека ќе ја заврши кариерата токму со овој езгибициски турнир, а Новак Ѓоковиќ од новинарите бил прашан како го коментира тврдењето на дел од фановите дека Федерер е најдобар тенисер на сите времиња.
– Секогаш ќе се дебатира за тоа кој е најдобар, но тоа им го оставам на другите како тема.
– Но, јасно е дека Федерер имаше големо влијание на тенисот.
– Тој не е само еден од најдобрите тенисери, туку и најдобрите спортисти на сите времиња. Неговата популарност надвор е терените е голема и тоа говори само за себе, неговиот тениски стил беше совршен, – изјавил Ѓоковиќ.

Comments