top of page
Search

Ѓоковиќ со џентлменски коментар по убедливиот триумф над Надал фото и видео

29.07.2024 Juli Ponedelnik

Новак Ѓоковиќ без големи проблеми го совлада Рафаел Надал во нивното 60-то соочување на тениските терени, оправдувајќи ја фаворитската улога и обезбедувајќи си место меѓу најдобрите шеснаесет на ОИ во Париз.

Надал е далеку од својата препознатлива форма во финишот на кариерата и не можеше да му парира на српскиот тенисер, а Ѓоковиќ по мечот џентлменски зборувал за својот противник и причините за нерамноправниот меч.

– Ние двајца не сме се сретнале две години, бидејќи тој често беше повреден, а тоа се виде и денес на теренот.

– Најмногу мислам на неговото движење, инаку кога беше на топче удираше добро. Многу е опасен, се вмеша и публиката која малку го подигна, а јас малку се повлеков.

– Пресуден беше тој деветти гејм кога го направив брејкот, тоа беше последен гејм со тој комплет топчиња, па знаев дека после ќе сервирам со нови топчиња и од страната која ми даваше предност за овој сегмент, – рекол Ѓоковиќ.



3 views

Comments


bottom of page