Search
Ѓоковиќ со пресврт до триумф за четвртфинале во Пекинг (ВИДЕО)
02.10.2026 Oktomvri Petok
Српскиот тениски ас ја продолжи извонредната серија на овој турнир, дојде до 31 победа во низа и тоа откако мораше добро да се испоти да го надигра Јунчокете Бу.
Домашниот тенисер се покажа како тврд орев за шестиот носител, меѓутоа Новак се уште е на високо ниво и знае да го извлече најдоброто кога е во незгодни ситуации. Бу го доби првиот сет со 6-4, додека во вториот се водеше огромна борба, се се решаваше во тај-брејкот кој му припадна на Новак со 7-2.
Србинот воден од оваа нова енергија, самодоверба беше супериорен во третата „рунда“ и со 6-2 го потврди пласманот меѓу осумте најдобри на турнирот, четвртфиналето во кое ќе игра со победникот од пресметката меѓу Александер Зверев и Јунченг Шанг.







Comments