top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ со последна најава за тенискиот класик со Надал: Сигурен сум дека нема да биде како лани!

Новак Ѓоковиќ верува дека има шанси да му го нанесе само третиот пораз на Рафаел Надал на Ролан Гарос, откако подоцна во денешниот ден ќе ги одмери силите со „кралот на земјата“ во полуфиналето на „Филип Шатрие“. Новиот тениски класик меѓу Ѓоковиќ и Надал ќе се одигра веднаш по крајот на првото полуфинале меѓу Стефанос Циципас и Александер Зверев, а во пресрет на нивната 58-ма пресметка во кариерите, светскиот рекет број еден е убеден дека ќе одигра многу подобро од финалето минатата година кога буквално беше декласиран во првите два сета. – Тоа што сега играме полуфинале, а не финале, не менува ништо. Сигурен сум дека ќе одиграм подобро од првите два сета минатата година, тогаш се одеше наопаку. – Сите го посакуваа и со нетрпение го чекаат нашиот меч. Верувам во победа, во својот квалитет и способност да се наметнам на теренот. Така ќе излезам во полуфиналето, максимално самоуверен и со желба за победа. Надал има 13 титули на Ролан Гарос и биланс од 105 победи и само два порази, а токму последниот пристигна од денешниот ривал (првиот му го нанесе Содерлинг). – Неговиот форхенд е доминантен на ваква подлога. Спинот, ротацијата прават проблеми, фантастично се брани и се враќа во поенот. Напредуваше и на сервис играта, а неговата одбрана е меѓу најдобрите во историјата, поготово на земја. Морам да бидам агресивен, но и тактички паметен, да го отворам теренот и да не грешам, – порача Србинот.



0 views

Comments


bottom of page