Ѓоковиќ со откачена понуда до Кирјос: Тоа би го чинело многу пари….
Новак Ѓоковиќ се изнамачи на стартот на Српска Опен и се испоти во дуелот со францускиот тинејџер Лука Ван Аш, но по победата во три сета, Србинот бил расположен за разговор со новинарите.
Ноле ги уверил претставниците на медиумите дека нема посериозни проблеми со лактот на десната рака и дека е подготвен за игра на највисоко ниво, но добил и интересно прашање поврзано за евентуално тренерска кариера.
Најдобриот светски тенисер бил запрашан кого би тренирал од актуелните играчи во тениската елита, по што без многу размислување, Ноле го посочи контроверзниот Ник Кирјос.
Сите позначајни резултати во кариерата, Ник ги оствари без тренер крај себе, а Новак вели дека со него тој би освоил пет грен слем титули.
– Кого би тренирал од тенисерите? Кирјос, со него би освоил пет грен слем титули како тренер. Сепак, тоа многу скапо би го чинело, – со насмевка на лицето порачал Ноле.
Инаку, Кирјос до пред три години беше најжесток и најгласен критичар на Новак, но откако застана во неговата одбрана околу сагата со депортацијата од Австралија, двајцата значително го поправија односот и сега дури велат дека се како пријатели.
Comentarios