top of page

Ѓоковиќ со доминантна партија го започна походот кон 10. титула на АО

Српскиот тениска ас, Новак Ѓоковиќ со рутинска победа го започна настапот на Австралија Опен.

Ова за Ноле беше кам-бек во Мелбурн, на многу познато место по настаните кои му се случија минатата година, а тој во првиот меч одговори со стил и триумф над Роберто Карбалјес Баена со 3-0 во сетови.

Два часа траеше пресметката на „Род Лејвер“, период во кој Ноле најголем отпор доби во вториот сет кој го реализираше со 6-4, додека останатите два завшрија со резултат 6-3, и 6-0.

Ѓоковиќ кој е поставен за четврти носите на турнирот за нареден ривал ќе го има подобриот од дуелот Енцо Кокуд и Уго Делиен од Боливија.


 
 
 

Comentarios


bottom of page