top of page

Ѓоковиќ смисли нов начин за делење автограми и стана вирален хит во Кина (Видео)

Oct 1
1 min read

Новак Ѓоковиќ имаше мал инцидент со еден фан додека делеше автограми во подготовката за турнирот во Пекинг, а откако Србинот ја одржа стопроцентноста и запиша 30-та победа на 30-от меч во овој кинески град, се појави на теренот со оригинална алатка.

Шесткратниот шампион на Кина Опен одвои дел од своето драгоцено време за фановите и по тешката победа која ја оствари во првото коло, но најмногу внимание привлече со новитетот кој го промовираше.

Ѓоковиќ извади печат од својата торба и почна да дели автограми на тој начин, па ова уникатно видео од Пекинг брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Ноле беше расположен по крајот на мечот и покрај тоа што преживеа вистинска голгота на теренот, бидејќи победата од 2:0 во сетови ја оствари после проблеми со дишење, губење на енергија и чести нагони за повраќање.

Ѓоковиќ успеа да го преброди сето ова и го победи Нуно Боржес со 6:3 и 7:6, па сега во второто коло ќе игра со домашниот миленик, Кинезот Јунчаокете Бу.


 
 
 

Comments


bottom of page