Ѓоковиќ си постави први цели за 2024. година откако го преслуша Синер во финалето
Новак Ѓоковиќ ја освои својата рекордна седма титула на завршните Мастерси, а тоа го направи со совршена игра во финалето во кое не му даде никаква шанса на играчот од кога пред неколку дена изгуби во групната фаза.
Јаник Синер се запозна со бруталното издание на Ноле во најважните финални мечеви, па вчера можеше да освои по три гејма во двата сета и да се помири со пораз од 6:3 и 6:3.
Србинот ја заокружи годината во сингл конкуренција со три освоени грен слем титули и завршниот Мастерс во Торино, па новинарите ги интересираше какви цели има поставено за 2024-та година.
Ноле призна дека ќе ги нападне титулите на сите четири грен слем турнири, ќе го брка рекордот на Џими Конорс од вкупно 109 трофеи, но посебно сака да биде успешен и на Олимписките игри во Париз.
– Олимпијадата ми е голема желба, покрај четирите грен слем турнири, тоа ќе ми биде главниот фокус. Олимпијата има еднаш во четири години, тоа е уникатна шанса. Претходно не ја користев, бронзата од Пекинг ми е најголем успех. Се надевам дека Париз ќе биде успешен за мене, и како грен слем и потоа како добра подготовка за Олимпијада.
– Ќе се обидам да уживам на Олимписките игри, да бидам дел од отворањето и да се покажам во најдобро светло. Другите цели остануваат исти. Ќе го бркам рекордот по бројот на освоени титули од Конорс, ќе одам на се што можам, па ќе видам до каде ќе стигнам, – изјави Србинот.
Comments