Search
Ѓоковиќ сепак одработи тренинг и испрати порака
- Aleksandar Santovski
- Jan 16, 2023
- 1 min read
Новак Ѓоковиќ утре ќе го започне походот кон десеттата титула на Австралија Опен со тоа што изминативе денови ги загрижува навивачите со одлуката да не тренира, односно со тоа што ја скока секојдневната рутина.
Ѓоковиќ го откажа вчерашниот тренинг, а информациите беа и дека денеска нема да се појави на теренот, но сепак тој излезе и го заврши она што беше планирано со тоа што јасно се гледа дека неговата нога е преврзан со завој.
Тоа секако покажува дека се уште има некој проблем со задната ложа, но истиот може да се контролира, надмина ако се суди по кратката порака на големиот грен слем шампион.
-Се е во ред, ќе се видиме на мечот, -порача Ноле.
Поранешниот светски рекет број еден за прв ривал го има шпанскиот рекет Роберто Карбалјес Баена.


Comentarios