top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ се појави на „Тајмс Сквер“ и израдува многу дечиња од Харлем

Новак Ѓоковиќ ужива огромна популарност, каде и да се појави во светот. Наскоро започнува последниот Грен-Слем годинава, УС Опен, а организаторите на разни начини се обидуваат да го зголемат вниманието кон престижниот тениски турнир.

Како дел од програмата за промоција, за првпат беа поставени импровизирани тениски терени на „Тајмс Сквер“ во Њујорк, а честа прв да заигра таму ја доби токму Ѓоковиќ кој израдува многу дечиња од Харлем, населба која важи за доминантно населена со афро-американци.

Српскиот ас како и секогаш беше расположен за игра и за дружење со најмладите, а тие му возвратија со голема љубов и беа пресреќни што имаат можност да го запознаат големиот тениски мајстор.

Новак Ѓоковиќ е еден од двајцата главни фаворити за трофејот на УС Опен, заедно со Шпанецот Карлос Алкараз. Турнирот започнува на 28 август, а финалниот меч во машка сингл-конкуренција е закажан за 10 септември.


2 views

Comments


bottom of page