Ѓоковиќ се налути и ја прекина играта поради фан кој го провоцираше од трибината (Видео)
03.09.2021 Septemvri Petok
Резултатски гледано, Новак Ѓоковиќ немаше никакво проблеми против Холанѓанецот Грикспор и со уверливи 3:0 се пласираше во третата рунда на Ју-Ес Опен, но на почетокот на третиот сет, светскиот рекет број еден имаше тензични моменти и влезе во расправија со фан, но и со главниот судија.
Србинот го загуби трпението откако еден фан постојано го деконцентрираше во моментите кога тој задаваше удар со рекетот, па употреби и вулгарен речник во ситуација кога ја прекина играта.
Најдобриот тенисер побара реакција од главниот судија и беше очигледно лут по провокациите кои ги доби од трибината, па по крајот на мечот, даде свое објаснување и во прес салата.
– Кога некој прави одредени работи со намера, одново и одново, јас имам толеранција до одреден момент. Кога ќе се надмине тоа, веќе не е во ред. Не можам да се помирам со тоа бидејќи не е фер.
– Тој фан испушташе звуци секојпат пред мојот удар и тоа го направи неколку пати. Немам проблем со самата врева на трибините, не сакам да бидам сфатен погрешно, но кога нешто се прави со намера, треба да се посочи. Тој фан добро знаеше што прави и тоа е тоа, – порача Ѓоковиќ.
Comments