Ѓоковиќ: Се надевам ќе бидам испратен како Федерер
Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Париз, а во пресрет на истиот одработи разговор со поранешната француска тенисерка Марион Бартоли во кој призна дека зад него е тешка година, а воедно даде одговор на она прашање која е актуелно и постојано виси во воздух кој е најдобриот тенисер на сите времиња. -Има многу параметри за кои треба да се разговара. Многу сум мотивиран да ја напишам историјата на нашиот спорт и оставам на другите да се расправаат околу тоа, -рече Ѓоковиќ кој призна дека сака да биде испратен во тениска пензија како што тоа беше случај со Рожер Федерер. -Беше уникатно искуство, да се биде актер на тој настан. Неверојатно е што направи Рожер на и надвор од теренот. Имам најголема почит кон него. Секако, на теренот тој ми беше ривал пред се. Јас сум професионалец, сакам да победувам. Ама таа вечер немаше ривалство, само неизмерна почит. Се надевам дека еден ден ќе заминам како Федерер. Тоа беше прекрасен момент, изјави српскиот ас.
Comments