top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ се исповеда од Рим: Ме издвоија како „персона нон грата“, бев како овца опкружена од 20 волц

Ѓоковиќ се исповеда од Рим: Ме издвоија како „персона нон грата“, бев како овца опкружена од 20 волциНовак Ѓоковиќ остава зад себе многу тежок период поради сето она што го доживеа во корона-времето, започнувајќи со депортацијата од Австралија, па се до пропуштањето на Ју-Ес Опен и сите останати турнири кои се играа во Америка.

Српскиот тенисер вчера го победи Григор Димитров и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим, а кратката пауза ја искористи за да направи интеврју за „Корсера“ во кое отворено говори за сите чувствителни теми, како и настаните кои ги преживеа во изминатите две години.

– Јас не сум антиваксер и никогаш не кажав дека сум против вакцините. Јас сум за право на избор, ја бранам слободата на избор. Сметам дека сите треба да имаат право на избор, слобода за тоа што да вбризгаат во своето тело. Тоа го објаснив и во интервјуто за „Би-Би-Си“ по враќањето од Австралија, но тогаш фалеа многу мои зборови од интеврјуто. Поради тоа, од тогаш никогаш не зборев на оваа тема.

– Во Австралија не чуваа во место како затвор, не можев да го отворам прозорот. Јас останав помалку од една седмица, но таму сретнав многу млади луѓе кои беа затворени многу долго. Мојот случај помогна сите да бидат ослобдени и тоа е она што ме теши. Млад Сириец беше таму девет години, а сега е во Америка. Кога ќе се вратам ова лето во Америка, се надевам дека ќе го сретнам на Ју-Ес Опен, изградив врска со него.

– Бев ставен во средина, издвоен како „персона нон грата“. Бев осамен и се почувствував како овца опкружена од 20 волци. Човек сам не може ништо против големите медиуми, но се тоа брзо го заборавив. Фокусиран сум само на позитивните работи, прележав Ковид и по вторпат и секогаш ги почитував правилата. Се откажав од два настапи на Ју-Ес Опен за да останам доследен на себе, потоа се вратив во Австралија и победив. Сепак, тоа не го избриша целосно разочарувањето, останав разочаран од многу медиуми и од многу колеги. Кога ви го вртат грбот, тогаш го гледате нивното вистинско лице. Многу играчи ја свртеа главата, а исто така и одредени организатори на турнирите, – вели Ѓоковиќ.



1 view

Kommentare


bottom of page