top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ се врати во Белград

18.01.2022 Januari Vtornik

По голготата низ која мина во Австралија, Новак Ѓоковиќ се врати во Белград. Светскиот број 1, пред почетокот на Австралија опен, ја загуби правната битка со австралиската држава.

Федералниот суд, наложи депортација на Ѓоковиќ. Тој го напушти Мелбурн, а преку Дубаи, денес се врати во Белград.

Навивачи и голем број новинарски екипи го чекаа Ѓоковиќ, на аеродромот „Никола Тесла“. Тој сепак ги заобиколи и без многу врева успеа да замине.

Ѓоковиќо стана доследен на најавата дека нема да дава коментари додека трае Австралија опен, турнир на кој е рекордер со девет освоени титули.


1 view

Comments


bottom of page