ЃОКОВИЌ СВИРЕШЕ НА САКСОФОН Српскиот тенисер се опушта пред Ју-ес Опен (ВИДЕО)
31.08.2021 Avgust Vtornik
Што имаш да кажеш пред почетокот Ноле“?, го прашуваат Новак во видеото. Немам што да кажам, нека зборува саксофонот, вели тој и го започнува својот солистички концерт.
Првиот тенисер во светот реши да ги проба своите музички способности и засвири на саксофон пред својот настап на Ју-ес Опен. Видеото кое стана вирално на Инстаграм доби разни реакции од неговите фанови, пишува Новости. „Што имаш да кажеш пред почетокот Ноле“?, го прашуваат Новак во видеото. „Немам што да кажам, нека зборува саксофонот“, вели тој и го започнува својот солистички концерт. Прилично импресивно, не? Погледнете сами како првиот тенисер се снајде со саксофонот.Ќе го освои ли Ѓоковиќ Ју-ес Опен по четврти пат во една година? Ќе испише ли историја по поразот на Олимпијадата во Токио?
Ѓоковиќ ќе го започне Ју-ес Опен турнирот со 145-тиот тенисер во светот, Данецот Холгер Руне. Руне на пошироката тениска јавност ѝ е познат како поранешниот јуниор број еден.
Руне и Ѓоковиќ инаку тренираа заедно во подготовките за турнирот.
Commentaires