top of page

Ѓоковиќ: Свесен сум за таа можност, тоа е голема мотивација за мене

Новак Ѓоковиќ имаше одличен почеток на завршниот АТП Мастерс каде славеше над Стефанос Циципас со 2-0 во сетови.

Српскиот ас направи само еден брејк, но тоа беше доволно за победнички старт на турнирот на кој со победа може да испише историја. Имено ако Ѓоковиќ слави во Торино тогаш ќе се израмни со рекордерот во оваа категорија Рожер Федерер кој трофејот го освојуваше во 2003, 2004, 2006, 2007, 2010 и 2011 година.

-Свесен сум за тоа. Испишувањето историја во овој спорт е секогаш голема мотивација за мене. Мислам, можеби тоа не влијае на целиот мој пристап кон еден натпревар, бидејќи сум доволно искусен, се знам себеси и што треба да направам за да се подготвам за следниот предизвик и противник. АмА секако, свесен сум за можноста повторно да испишем историја. Големо задоволство и чест е да се биде на оваа позиција. Тоа ме мотивира да играм уште подобар тенис, -порача Ноле кој во второто коло ќе се соочи со Андреј Рубљов.


 
 
 

Comments


bottom of page