Search
Ѓоковиќ рутински до четвртфиналето во Астана
Новак Ѓоковиќ не дозволи изненадување во осминафиналето на турнирот во Астана и без загубен сет се пласираше во следната рунда.
Противник на Србинот му беше амбициозниот Ботик ван де Зандсулп, кој дозволи брејк во шестиот гејм на првиот сет, со што беше најавена предноста на фаворитот.
Ѓоковиќ го доби сетот со 6:3, а во вториот беше уште посигурен и со три брејка стигна до 6:1 за конечни и убедливи 2:0.
Следен противник во Казахстан ќе му биде Русинот Карен Хачанов.
Comentarios