Ѓоковиќ рутински го реши Надал за осмифинале на ОИ во Париз 2024 фото и видео
29.07.2024Juli Ponedelnik
Рафаел Надал не успеа да му парира на Новак Ѓоковиќ на нивното олимписко соочување во Париз, па српскиот тенисер заслужено се пласираше во осмифиналето на турнирот кој се игра на терените на Ролан Гарос.
Шпанецот е далеку од својата најдобра форма и физичка подготвеност дури и на омилената подлога, а Ѓоковиќ го искористи тоа за да го добие мечот од второто коло без загубен сет и по 104 минути на теренот.
Новак беше поубедлив во првиот сет кој го доби со 6:1 за само 39 минути, водеше и со 4:0 во вториот сет, но тогаш Надал успеа барем привремено да се врати во мечот.
Рафа освои четири гејмови по ред за 4:4, но веќе во следниот дозволи брејк, па српскиот тенисер го заокружи дуелот со 6:1/6:4.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде победникот од мечот меѓу Арналди и Кепфер.
Надал останува дел од ОИ во Париз, каде продолжува на турнирот во игра на двојки заедно со Карлос Алкарас.
Comments