top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ призна дека не се изолирал веднаш по позитивниот тест, го обвини агентот за грешка во докуме

Ѓоковиќ призна дека не се изолирал веднаш по позитивниот тест, го обвини агентот за грешка во документацијата


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека биле направени грешки во неговите формулари за влез во Австралија, како и дека се сретнал со новинар наспроти позитивниот тест за ковид-19, пренесуваат светските медиуми. Ова е наведено во неговата објава на Инстаграм, чија цел е разјаснување на „тековните дезинформации“ во врска со неговите активности и движење пред доаѓањето во Австралија.

Ѓоковиќ истакна дека имал интервју за француски „Л’Екип“ по позитивниот тест на ковид-19 бидејќи „не сакал да го разочара новинарот“.

– Се осигурив дека социјално се дистанцирав и носев маска, освен кога ме фотографираа – посочи српскиот тенисер, што го потврди и францускиот весник.

Новинарот Франк Рамела, пак, кажа дека му биило посочено да не го прашува Ѓоковиќ за стасусот на вакцинацијата или за претстојниот Австралија опен, па затоа не ни прашувал дали водечкиот светски рекет „размислува да се тестира за ковид-19“, односно дека немало причина за такво нешто.

Ѓоковиќ призна за наведување на неточно тврдење во патничкиот формулар пред влез во Австралија. Тој вели дека неговиот агент ја починил грешката кога популнувал дел од формуларот што се однесувал на неговите неодамнешни патувања. Во формуларот е наведено дека тој не патувал во изминатите 14 дена пред доаѓањето во Австралија. Но неодамнешните информации сугерираат дека Ѓоковиќ патувал во Србија и во Шпанија пред пристигнувањето во Австралија.

– Мојот агент искрено се извинува за административната грешка во обележување на погрешно поле. Тоа е човечка грешка која не е направена намерно. Мојот тим пружи дополнителни информации до австралиската влада за да го разјасни ова прашање – тврди Ѓоковиќ.

Австралиските надлежни служби соопштија дека ја истражуваат можноста дека Ѓоковиќ дал лажно тврдење, што би било основа за укинување на неговата виза.

Ѓоковиќ е прв носител на претстојниот Австралија опен што почнува на 17 јануари, но уште нема гаранција дека тој ќе може да го брани трофејот.

Австралиската влада се согласи да ја повлече одлуката за укинување на визата на Ѓоковиќ, на судското рочиште во Мелбурн. Наспроти одлуката, австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук има можност лично да интервенира доколку одлучи да ја укине визата на Ѓоковиќ врз друга основа, за што застапниците на австралиската влада дале назнака во судот.


1 view

Σχόλια


bottom of page