top of page
Search

Ѓоковиќ преку нова драма до рекорд и место во четврфиналето во Париз (ВИДЕО)

03.06.2024 Juni Ponedelnik

Српскиот тениски рекет, Новак Ѓоковиќ успеа да избори пласман во четвртфиналето во Париз и тоа откако доби уште една драма, маратонски меч во пет сета.

Во претходната рунда Ноле се препоти против Лоренцо Музети, додека пак денеска по скоро пет часа игра славеше над Франциско Серундоло со 3-2 во сетови.

Фаворитот имаше пеколен почеток и славеше со 6-1 во втората рунда, ама потоа започнаа проблемите за него, проблеми и со коленото, па Аргентинецот со 7-5 и 6-3 дојде до пресврт и 2-1 во сетови. Меѓутоа Ѓоковиќ пронајде сили, се врати во игра и со 7-5 и 6-3 издвојува триумф со кој е меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос.

Воедно ова беше историска победа за Новак затоа што стана играч со најмногу триумфи на грен слем турнирите, сега има 370 или една повеќе од Рожер Федерер.




0 views

Comments


bottom of page