Ѓоковиќ преживеа „црна дупка“, па стигна до драматична победа во Париз
Новак Ѓоковиќ не беше на своето препознатливо ниво и имаше и физички проблеми во првиот и вториот сет, но успе да ја преживее „црната дупка“ и на крајот да излезе како победник. По којзнае кој пат во кариерата, светскиот рекет број еден покажа дека е неуништлив и кога изгледа многу ранливо, па иако Талон Грикспор направи пресврт и освои пет гејма во низа во првиот сет, во продолжение не можеше да ја приведе до крај планираната сензација. Ноле имаше голем пад во средината на првиот сет и Грикспор освои 11 поени во низа, а иако тоа го однесе од 1:4 до 6:4, Холанѓанецот беше свеесен дека има уште многу работа пред себе. Ѓоковиќ не изгледаше свежо и во најголем дел од вториот сет немаше решение за сервис гејмовите на противникот, но во тајбрејкот одново ја покажа својата класа и истрајност. Новак му препушти само два поена на Грикспор и со 7:2 израмни на 1:1, а потоа во клучниот трет сет доволен му беше еден брејк за триумф од 6:4 и пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, рунда во која ривал ќе му биде подобриот од последниот дуел кој се игра денеска, оној меѓу Руне и Алтмајер.
Commenti