Ѓоковиќ пред битката со Хрватите: Ова не е обично полуфинале
Селекцијата на Србија се избори за триумф над Казахстан од 2-1 и на тој начин го продолжи настапот во Дејвис Купот каде во финалето ќе се соочи со Хрватска.
Ова дефинитивно ќе биде дуел кој ќе се прати со посеобно внимание, а истиот го најави првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.
-Ривалството е големо, соседи сме. Секогаш е некој дополнителен притисок, мотив, притисок, двете земји сакаат да победат. Што и да се случува на теренот, важно е да има почит и пријателство на теренот и надвор од него. Сигурен сум дека двете екипи ќе дадат се за победа. Не е само полуфиналето. Тоа е веќе дуел меѓу Србија и Хрватска, Хрватска и Србија, кој за нас има посебно значење, -изјави Ѓоковиќ.
-Ајде да видиме што ќе се случи, се надевам дека ќе го добиеме првиот сингл меч. Имаме слободен ден, денот е долг. Кога не си на теренот, емотивно си таму, навиваш, ги поддржуваш сонародниците, разликата е навистина голема. Убаво е кога имате уште еден ден за одмор и собирање енергија. Имаме добра хемија, можеме да победиме и тоа е нашата цел, многу сме мотивирани, -дополни Ноле.
Пресметката меѓу Хрватска и Србија се игра во текот на утрешниот ден.
Comments