Ѓоковиќ: Прв ќе му честитам на Медведев кога ќе стане број 1
- Aleksandar Santovski
- Feb 21, 2022
- 1 min read
Новак Ѓоковиќ утре ќе го има својот прв меч оваа сезона во првото коло на Дубаи Дјути фри шампионатот против Италијанецот Лоренцо Мусети со реални шанси да го загуби првото место на АТП листата по две години од Русинот Данил Медведев. Но, 34-годишниот Србин по „одисејата“ во Австралија со одбивањето на визата, вели дека ќе биде првиот кој ќе му честита на Медведев, кој во Њујорк минатата есен го спречи да освои календарски гренд слем на САД опен. Медведев, кој игра на Мексико опен во Акапулко може да стане светски број 1 според тоа каква недела ќе имаат двајцата. „Подготвен сум најдобро што можам и возбуден што повторно ќе играм. Направив што можам да се најдам во добра позиција да играм тенис и ментално сум силен. На крајот тоа сигурно ќе се случи, и ако се случи оваа недела, јас ќе бидам првиот што ќе му честитам на Данил“, вели Ѓоковиќ.

Comments