Search
Ѓоковиќ потврди дека едвај чека да се бори за единствениот трофеј кој му недостасува
Новак Ѓоковиќ настапува на турнирот во Дубаи, каде важи и за најголем фаворит за освојување на трофејот, а периодов преку медиумите открива и дел од своите планови.
Српскиот тенисер потврдил дека со нетрпение ги очекува Олимписките игри во Париз и таму ќе се обиде да стигне до трофејот кој е единствен кој му недостасува во богатата колекција.
Ѓоковиќ посакува златен олимписки медал, а сега потврдил дека постојат сите предуслови да атакува на највисок пласман во Париз следната година.
– Со нетрпение ја очекувам Олимпијадата.
– Се надевам дека ќе бидам здрав и подготвен, мечевите ќе се играат на земја на Ролан Гарос, така што условите ми се познати.
– Очекувам овој олимписки турнир да ми го донесе и најдобриот пласман досега, – изјавил Ѓоковиќ.
ความคิดเห็น