top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ посебно се заблагодари на тениската легенда која остана да го гледа во доцните вечерни часов

Ѓоковиќ посебно се заблагодари на тениската легенда која остана да го гледа во доцните вечерни часови (Видео)Новак Ѓоковиќ мораше да побрза за да го заврши својот осминафинален меч на Вимблдон, бидејќи тој ја затвораше вечерната програма на централниот терен и мечот за малку не влезе во „полициски час“.

Откако го загуби вториот сет и сензацијата Ван Рајтховен израмни на 1:1 се доби впечаток дека мечот може да се доиграр во понеделник, но првиот фаворит за трофејот додаде гас и со два фуриозни сета ја заврши работата 20-тина минути пред 23:00 часот по локално време во Лондон.

Србинот беше фуриозен во третиот и четвртиот сет и со 6:1 и 6:2 ја заврши својата работа, а по победата им се заблагодари на сите оние кои останаа толку доцна на централниот терен на Вимблдон, а посебно на легендарната Били Џин Кинг.

Американската шампионка претходно во текот на денот излезе заедно на централниот терен на Вимблдон при престсавувањето на најголемите шампиони во историјата, бидејќи двајцата имаат освоено по шест трофеи на најпрестижниот грен слем турнир. Новак сега атакува на седмиот трофеј, а Били го гледаше неговиот меч против Ван Рајтховен.

– Ви благодарам што останавте толку доцна да гледате тенис. Благодарам до Били Џин Кинг што остана, знам дека денот беше навистина долг. Ти благодарам, навистина го ценам тоа, чест е да се игра пред вас. Ми беше чест што денес стоев пред такви шампиони, бидејќи денеска бев како студент и научив доста за историјата на нашиот спорт. Благодарност до Били Џин Кинг за лекциите кои се навистина вредни, – изјави Србинот.




1 view

Comments


bottom of page