top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ подобар во спектакуларното финале со Алкарас и го освои олимпиското злато во Париз 2024

12.08.2024 Avgust Ponedelnik

Објавата е од 04.08.2024 Aвгуст Недела

Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкарас во возбудливото финале на Олимписките игри и го освои единствениот трофеј кој му недостасуваше во ултра успешната кариера.

Српскиот тенисер го доби финалето во Париз во два тај-брејка, пркосејќи им на физичките проблеми и уште еднаш носејќи голема радост за своите фанови ширум светот.

Двајцата тенисери влегоа максимално мотивирани во финалето, мечот интересно не донесе ниту еден брејк, а Ѓоковиќ два пати беше поуспешен во тај-брејк завршниците, кои ги доби со 7:3 и 7:2 за реализација на својот сон.

Ѓоковиќ стана највозрасен олимписки победник на тенискиот турнир, а притоа и еден од ретките тенисери кои имаат триумф на сите грен-слем турнири и на олимпискиот турнир.

Алкарас не успеа да ја помине последната пречка за да стигне до злато на олимписките игри, но и сребрениот медал е голем успех за младиот шпански тенисер. Ѓоковиќ со денешниот триумф поведе во меѓусебните дуели со Алкарас со 4:3.







3 views

Kommentare


bottom of page