top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ победува и со стомачен вирус: Повеќе време сум во тоалет, отколку на терен…

Новак Ѓоковиќ имаше евидентни проблеми и не покажуваше нервоза која е карактеристична за него на секој меч, па дури и во ситуација кога ситуацијата изгледаше доста сложена за него.

Грикспор направи пресврт во првиот сет и го искористи големиот пад на Ноле за да врзе пет гејма во низа, но кога се чинеше дека Србинот ќе биде во голема неволја поради физички проблеми, светскиот рекет број еден уште еднаш ја демонстрираше својата истрајност.

Иако беше далеку од најдоброто ниво, Ноле успеа да се одржи во егал ситуација и го доби вториот сет во тајбрејкот, за потоа да добие дополнителна енергија и да го добие и третиот за пласман во четвртфиналето.

По победата од 4:6, 7:6 и 6:4, Ноле доби директно прашање за проблемот кој беше очигледен, а Србинот откри дека се мачи со стомачен вирус во изминатите неколку дена.

– Не сакам да одземам ништо од играта која ја прикажа Грикспор. Играше на високо ниво и ќе заслужеше ако победеше. Јас почнав добро, но останав без гориво и без енергија кога ми направи брејк. Имам проблем со стомакот, не се чувствував добро на теренот.

– Имам некој стомачен вирус, веќе неколку дена минувам повеќе време на тоалетната школка, отколку на теренот. Но, најважно е што пронајдов начин да се извлечам. Бев блиску до пораз, но пронајдов начин да се вратам. Се обидував само да го задржам својот сервис и да дојдам до тајбрејк, а потоа се чувствував подобро и среќен сум што ја минав оваа пречка, – изјави Србинот.


2 views

Comments


bottom of page