top of page
Search

Ѓоковиќ победнички го отвори Ролан Гарос и го израмни рекордот на Федерер (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ успешно го започна својот настап на вториот грен слен во оваа календарска година-Ролан Гарос.

Српскиот ас ја мина првата пречка во Париз и тоа во името на Александар Ковачевиќ кој е на 114 место на АТП листата. Ѓоковиќ славеше со 3-0 во сетови со 6-3, 6-2 и 7-6. Најмногу проблеми Ноле имаше во завршниот сет во кој мораше да игра тај-брејк за да ја заврши работата, тај-брејк кој го реализираше со 7-1

Со денешното славје Ѓоковиќ стана вториот тенисер во Опен ерата кој славеше на 65 мечеви во низа на најголемите турнири кога се работи за првата рунда, односно го израмни рекордот на Рожер Федерер.





0 views
bottom of page