Ѓоковиќ победи, но загубениот сет го стави во незавидна ситуација за пласман во полуфиналето!
- Aleksandar Santovski
- Nov 16, 2023
- 1 min read
Новак Ѓоковиќ требаше да го победи Хуберт Хуркач во два сета за да се пласира во полуфиналето, но Србинот не го исполни најважниот услов и сега работите веќе не зависат од него за пласман меѓу четирите најдобри во Торино.
Светскиот рекет број еден славеше со 2:1 во сетови и загубениот втор сет ја префрла „тежината“ кај вториот меч од „зелената група“, во која вечерва силите ќе ги одмерат Јаник Синер и Холгер Руне.
Новак сега мора да навива за играчот од кого загуби во претходната рунда, бидејќи само победа на домашниот миленик во Торино ќе му загарантира пласман меѓу четирите најдобри на завршниот Мастерс.
Било каква победа на Руне ќе го остави Ноле без место во полуфиналето, од едноставна причина што сет-количникот не му оди во прилог на најдобриот светски тенисер.
Ноле во три сета го победи Руне, потоа во три сета загуби и од Синер, а бидејќи денеска исто така одигра три сета, сега ќе мора да чека професионален однос од Синер и негова победа во вечерниот меч од 21:00 часот.
Инаку, Хурчак денеска настапи како замена за повредениот Стефанос Циципас, па му направи голем проблем на Ноле такашто го освои вториот сет со 6:4. Првиот го загуби во тајбрејкот со 7:1, додека во третиот Ноле беше убедлив со 6:1 во гејмови.

Comments